Funderbeam SEE се шири во Словенија

42

funderbeam

Фото: Facebook

Компанијата Funderbeam SEE, којашто претставува joint venture на Загрепската берза и естонската компанија Funderbeam, од следната недела се шири и во Словенија, пишува Пословни дневник.

“Во вторник во Љубљана нема веднаш да почнеме со листање на словенечки стартапи, туку сакаме да воспоставиме дијалог со инвеститорите и претприемачите“, вели Дамир Бичаниќ, директор на Funderbeam SEE, додавајќи дека нивната цел е во Словенија оперативно да соработуваат со Љубљанската берза.

Словенечки инвеститори и стартапи досега беа најактивни во користење на Funderbeam во регионот.

“Словенците активно ја користат DATA алатката на Funderbeam, којашто е отворена и бесплатна за сите, а којашто овозможува брзо да откриете кој ви е конкуренција и кои се нејзините показатели, но во делот Invest, којшто се однесува на инвестиции, во регионот активен е само еден старт – ап, а тоа е Include од Хрватска“, вели Бичаниќ.

Funderbeam е платформа за групно финансирање на старт – ап компании на којашто инвеститорите може веднаш по иницијалната фаза на вложување да тргуваат со своите удели, како да станува збор за компании котирани на берзата. Во првата фаза, Funderbeam е насочена кон компании од Хрватска, Словенија и Србија, а за подоцна планирано е проширување во регионот.