Горивата поевтинуваат за два денари

36

goriva-pixabay

Фото: Pixabay

Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 65 денари, додека новата пониска цена на Еуросупер БС -98 ќе изнесува 67 денари за литар. Еден литар Еуродизел (Д – Е V) ќе се продава по 52 денари, додека новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе бид 40,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,337 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.03.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,955 ден/кг.