Јафа ја купи Банини за 15 милиони евра

57

bani

Фото: Банини

Српската компанија Јафа од Црвенка на јавно наддавање ја купи кондиторската фабрика во стечај Банини, по почетна цена од 15 милион евра. Јафа беше единствен учесник во наддавањето бидејќи само таа уплати депозит од околу шест милиони евра, што е 20% од проценетата вредност од 30 милиони евра, пишува Блиц.

Од купување на компанијата се откажаа месната индустрија Матијевиќ од Нови Сад и Бамби од Пожаревац кои само ја подигнаа тендерската документација.

“Одлуката да ја купиме Банини не беше лесна бидејќи почетната цена е висока. Да беше пониска ќе имаше повеќе купувачи. Банини е во големи проблеми, во стечај е бидејќи има 40 милиони евра долг во банките и повеќе од 10 милиони евра долг кон добавувачите. И покрај тоа, стратешката одлука на Јафа беше на нашиот сопственик Kappa star group да ја предложиме оваа аквизиција бидејќи веруваме во заедничкиот потенцијал на производите на Банини и Јафа. Планираме да го зголемиме производството во Кикинда и овде ќе го произведуваме истиот асортиман што досега го имаше Банини“, изјави по аукцијата Бојан Кнежевиќ, генерален директор на Јафа.

Јафа е дел од Kappa star group, којашто има вкупно пет компании во кои работат 2.000 работници.