ФЗЦ 11 Октомври со добивка од 150,5 милиони денари во 2016 година

48

fzc-11-oktomvri

ФЗЦ 11 Октомври од Куманово, од први јануари до 31-ви декември 2016 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 150.598.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата оствари загуба од 558.033.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, имаа салдо од 1.486.124.000 денари. На домашен пазар отпаѓаат 747.841.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 738.283.000 денари.

Приоритетна дејност на ФЗЦ 11 Октомври од Куманово е производство на цевки, шупливи (издлабени) профили и слични производи од челик.