Со технологија за препознавање на лице ќе се открива ретка генетска болест

57

lice

Фото:National Human Genome Research Institute

Тим научници од National Human Genome Research Institute (NHGRI) развија софтвер за препознавање на лица што може да ја дијагностицира ретката генетска болест наречена Диџорџов синдром (DiGeorge syndrome). Овој синдром се појавува поради недостаток на мал дел од хромозомот 22, што предизвикува многу здравствени проблеми, а болеста тешко се дијагностицира. Она што е важно за оваа болест е карактеристичнот изглед на лицето, но се разликува кај различни народи, пишува Engadget.

Генетичарот Пол Крузка вели дека тимот од NHGRI проучувал фотографии од 101 учесник со ретката болест од Африка, Азија и Латинска Америка и потоа ја развилја технологијата за препознавање на лица со која се препознава болеста во 96,6% од случаите. Од тимот велат дека со оваа технологија може да се дијагностицира и Даунов синдром.

Научниците сметаат дека еден ден доволно ќе биде само да се испрати фотографија на докторот, а системот да направи дијагноза.