Рестартирана кланицата за живинско месо Пилко

197

Кланицата за живинско месо на компанијата АБС Пилко, од вчера повторно е во функција. Три милиони пилиња годишно е капацитетот на рестартираната кланица, во која компанијата инвестирала 1,5 милиони евра. АБС Пилко планира на македонскиот пазар да понуди целосно македонски свежи производи, од пиле до месо со висок квалитет и препознатлив вкус, односно од кланицата до продажните места да стигнуваат во најкус можен период од само неколку часа. Компанијата веќе работи и на потенцијален извоз и пробивање на пазарите во соседните земји.