АрцелорМиттал (ХРМ), во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, прокнижи загуба од 120.766.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на 2015 година, компанијата евидентираше загуба од 138.783.000 денари. Вкупните приходи од продажба во текот на минатата година достигнаа 12.078.000 денари.
Основна дејност на компанијата е производство на топло валани котури и топло валан лим.
Од друга страна, АрцелорМиттал (ЦРМ) во текот на 12-те месеци од 2016 година, прикажа загуба од 152.383.000 денари. На крајот на 2015-та година, загубата на компанијата имаше вредност од 621.422.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – декември лани достигнаа 5.793.413.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 835.617.000 денари, а поголемиот дел од 4.957.796.000 денари отпаѓаат на извоз.
Основна дејност на компанијата е производство на топло валани лужени котури, ладно валани котури и ладно валан лим, поцинкувани котури и лимови, како и пластифицирани поцинкувани котури.