Новата Škoda Octavia беше наградена со пет ѕвезди на Euro NCAP тестот за високиот степен на безбедност. Ова врвно признание е потврда за одличните перформанси на новата Škoda Octavia, која има одлична заштита за патниците, одлична заштита за пешаците и има бројни помошни системи за безбедност.
“За Škoda безбедноста е еден од клучните приоритети, истото важи и за новата Octavia. Наша цел е патувањето да биде удобно и безбедно за возачот и патниците. Со бројни активни помошни системи и сеопфатен пакет за пасивна безбедност, новата Škoda Octavia е најбезбедниот модел кој е некогаш бил направен. Резултатите од Euro NCAP тестовите се уште еден доказ за високото ниво на безбедност на Škoda Octavia, а ние сме многу задоволни од највисокиот рејтинг – пет ѕвездички, доделени од независни експерти”, вели д-р Френк Велш, член на управниот одбор за технички развој на Škoda.
Euro NCAP со највисоки оценки ја награди заштита на возрасните патници на предните седишта. Новата Skoda Octavia освои 93% од можниот број на поени во оваа категорија. Просторот за патници останува стабилен, а тест-моделите во предниот дел се речиси неповредени по извршениот тест. Заштитата на возрасните патници на предните седишта е подеднакво добра при различни големини на каросеријата, како и при различни седечки позиции. Новата Skoda Octavia оствари многу добри резултати и кај безбедноста на децата. Инженерите од Euro NCAP тестот дадоа високи оценки и за заштитата на пешаците. Дополнително, експертите беа воодушевени од иновативните системи за безбедност, вклучувајќи ја и стандардната опрема, како што се електронската контрола на стабилноста (ESC) и потсетникот за појас за возачот и патниците.
Новата Škoda Octavia има активни безбедносни системи, кои порано беа резервирани само за возила од повисоката класа. Вклучени се помошниот систем за сопирање при итни случаи, системот за движење во лента, сопирачка за автоматско сопирање која служи да се избегнат повеќекратни удари, како и систем кој што препознава заморот кај возачот и алармира. Овие системи помагаат за да се избегнат несреќите или ги ублажуваат нивните последици како за патниците, така и за другите учесници во сообраќајот.
За возачот и патниците е обезбеден и сеопфатен пакет за пасивна безбедност. Во новата Škoda има девет воздушни перничиња, кои се во интеракција со сигурносните појаси. Исто така, за прв пат во Škoda Octavia се воведени странични воздушни перничиња во задниот дел и воздушни перничиња за колената.
Новата Octavia ќе биде воведена на европските пазари во следните неколку недели.