Услови што треба да ги исполни coworking просторот

51

Секој старт – ап е во трка со времето. Во целиот метеж можете да заборавите да се грижите за “малите“ нешта пред да почнете да користите одреден coworking простор, за што подоцна може да зажалите.

Овој список на работи треба да ги проверите пред да се приклучите кон одреден coworking простор.

Буџет

Ова е првото нешто што треба да го знаете пред да почнете да работите во coworking простор. Кога одбирате работен простор проверете дали се вклопува во вашиот буџет, бидејќи секој месец ќе треба да го плаќате користењето на тој простор.

Локација

Канцеларискиот простор треба да биде во близина на вашиот дом, но исто така и за луѓето кои работат во вашата компанија. Членовите на тимот може да користат различни начини на транспорт за патување до работа, па затоа одберете coworking простор што се наоѓа во блиску до системот за јавен превоз. Со тоа ќе го намалите времето на патување и трошоците за себе и вашиот тим.

Безбедноста

Разговарајте за безбедноста на местото со луѓе кои веќе работат во тој простор. Дали постојат одредени системи за безбедност во и околу просторот и до колку часот работат. Добар начин да бидете сигурни дека просторот е безбеден е да го посетите во ноќните часови.

Хигиена

Проверете ја хигиената во кујната и тоалетите. Местото во кое работите треба да се одржува хигиената и редовно да се чисти. Затоа, не заборавајте да ја проверите оваа работа пред да заочнете да работите во coworking прсторот.

Работна атмосфера

Посетете го coworking просторот и дознајте каква атмосфера владее. Доколку има голема бучава, побарајте посебен дел во просторот каде ќе бидете изолирани.

Добро прочитајте го договорот

Добро разгледајте ги клаузулите на договорот за влез и излез. Прочитајте ги клаузулите внимателно и видете дали има скриени трошоци.