За сите љубители на кучињата, најдобриот пријател на човекот и колку сте подготвени да платите за него – најскапите раси на кучиња во светот.
Германски овчар (Alsatiаn), 3.000 – 24.000 долари
Најскапата раса на кучиња во светот е германскиот овчар, позната и како Alsatian. Тие се на трето место по интелигенција, веднаш зад шкотскиот овчар и пудлицата.
Кралски кокер шпаниел, 1.000 – 14.000 долари
Оваа британска раса е многу мила и нежна по природа. Токму заради тоа, кралскиот кокер шпаниел се препорачува како дел од терапии при лечење на депресии и слично.
Самојад 4.000 – 11.000 долари
Сибирскиот самојад е познат по црните линии на устата кои ја прават и оригиналната насмевка на оваа прекрасна раса.
Англиски Булдог, 2.500 – 9.000 долари
Нека не ве залажува грубиот изглед, англискиот булдог е една од најнежните раси кучиња што постојат во светот.
Чау Чау, 3.000 – 8.500 долари
Оваа кинеска раса на кучиња се верува дека една од најстарите во светот. Некои научници тврдат дека е можеби и првата раса која еволуирала од волк пред дури 4000 години.
Ротвајлер, 2.000 – 8.000 долари
Поради својата сила и интелигенција, ротвајлерите како раса се најмногу барани во полицијата, војската и царината за откривање на илегални активности.
Тибетски Мастиф 2.200 – 7.000 долари
Пред две години во Кина еден ваков црвен мастиф беше продаден за рекордни 1,5 милиони долари. Оваа раса ужива во широки пространства, има потреба постојано да ја троши својата енергија во природа.
Фараон, 2.500 – 6.500 долари
Сегашните фараон кучиња не се разликуваат многу од некогашната раса, која била чувана од египетските фараони, по кои го добила и името.
Брадест Коли, 1.000 – 5.000 долари
Оваа раса е верен чувач на домот и на се што поседувате. Многу се забавни, послушни и го почитуваат својот газда.
Акита 1.500 – 4.500 долари
Акита се познато обележје на Јапонија, дел од нивната традиција. Тие се сметани за свети кучиња. Малечки статуи Акита им се даваат на нови родители за добро здравје и среќа.