BarkBath, пренослив уред за полесно и побрзо капење на кучиња

50

kuce

Фото: Indiegogo

BarkBath е пренослив уред за полесно, побрзо и поуредно капење на кучињата, развиен од американската компанија што се занимава со производство на правосмукалки и чистење на теписи Bissell.

Овој пренослив уред овозможува домашниот миленик да се искапе во било која просторија од домот без да се направи неред. Специјално дизајнирани млазници прскаат вода до кожата, а потоа нечистотијата се вшмукува. BarkBath се состои од резервоар за вода, шампон и посебен резервоар за валканата вода, којашто се собира од капењето, а испушта звук сличен на правосмукалка. Уредот доаѓа со подлога од микрофибер, крпа за чистење на шепите и муцката, половина литар шампон што не треба да се плакне и торба за сите додатоци.

“Капењето може да биде тешко за кучињата и сопствениците, затоа Bissell создаде производ што ќе им помогне на сопствениците на кучиња да го направат капењето на миленичињата полесно, побрзо и поуредно од порано“, вели генералниот менаџер на компанијата, Чак Мартин.

Уредот е поставен на платформата за групно финансирање Indiegogo, од каде треба да соберат 50.000 долари, а досега се собрани околу 210.000 долари.