Турски Vestel преговара со Toshiba за преземање на производството на телевизори

52

vestel

Фото: Facebook

Турскиот технолошки гигант Vestel започна преговори за преземање на одделот за производство на телевизори на јапонската корпорација Toshiba, пишува Хуријет.

Според официјални информации, Vestel преговара со јапонскиот гигант во рамки на стратегијата за зајакнување на својата позиција на меѓународни пазари.

Toshiba, којашто првиот телевизор во боја го продаде во 1960 година, планира да го продаде својот бизнис поврзан со производство на телевизори. Интерес за тоа покажуваат неколку странски инвеститори. Еден од потенцијалните купувачи е турскиот производител на апарати за домаќинство Vestel и неколку кинески конкуренти, јавува Nikkei.

Извршниот директор на Vestel, Туран Ердоган, изјави дека ги следат можностите што се во согласност со стратегијата за раст на компанијата.