Белград добива дрон што се вклучува во борба против комарци

46

drone-pixels

Фото: Pexels

Градскиот завод за биоциди и медицинска екологија на Белград склучи договор за купување дрон којшто ќе се вклучи во борбата против комарците во градот, пишува Блиц.

Дронот на почетокот би требало да се користи за набљудување на теренот и развојот на комарците на тешко достапни места како што е левото крајбрежје на реката Дунав.

Цената на ова беспилотно летало е околу 5.600 евра, тежи три килограми и може да остане во воздух 22 минути без прекин.

Сличен ваков дрон во 2015 година беше тестиран во Германија во подрачјето на реката Рајна. Дронот распрскува биолошки агенс којшто ги уништува здодевните комарци.