Загреб ќе го добие најголемиот seed фонд за стартапи

37

start-up-2017-pixabay

Развојна агенција Загреб е во финални подготовки за почеток со работа на најголемиот seed фонд за стартапи во Хрватска, пишува Пословни дневник.

Според буџетот на град Загреб за 2017 година, агенцијата веќе има резервирани над 670.000 евра за финансирање стартапи во прва или таканаречена seed фаза на развој на бизниси.

“Наша желба е фондот да почне со работа по летото. Тогаш веќе ќе треба да почне со инвестиции во стартапи, бидејќи тоа им е неопходно на стартапите во Загреб и Хрватска “, вели Фране Шесниќ, директор на Развојна агенција Загреб.

Преку овој фонд планирано е да се инвестираат по околу 50.000 евра во еден старт – ап, но можно е тој износ да биде поголем. Точниот износ ќе зависи од потребите и бизнис плановите на стартапите. Моделот на фондот е 70% од пласманите да бидат инвестиции во удели на компании, а 30% би биле гаранции или заеми.