Материјал од желатин со карактеристики слични на човечката кожа

118

laboratorija-ispituvanje

Фото: Pixabay

Научници од швајцарската сојузна лабораторија за наука и технологија работи на развој на материјал од желатин, којшто има карактеристики слични на човечката кожа, пишува New Atlas.

Овој материјал би можел да го имитира начинот на којшто човечката кожа ја впива водата. Тимот научници планира овој материјал да го користи за клинички испитувања, како и најразлични хируршки преврски на пациенти.

Материјалот е изработен од желатин, којшто се раствора во вода. Потоа, во смесата се додаваат памучни влакна и хемикалии што нема да дозволат деформирање на оваа синтетичка кожа.

Научниците сметаат дека овој материјал нема да биде замена за сите видови на тестирање на човечка кожа, но ќе им биде од голема корист за различни видови на испитувања.