Дивиденда за акционерите на Осигурување Македонија Виена Иншуренс Груп

125

osiguruvanje-makedonija

Собранието на акционери на Осигурување Македонија Виена Иншуренс Груп донесе одлука за распоредување на добивката, исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

“Друштвото има остварена нето добивка во деловната 2016 година во износ о од 134.064.706 денари ќе се распореди на: резерви за сигурност од 44.688.235 денари, дивиденда од 68.876.352 денари и 20.500.119 денари за инвестиции“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Дивидендата што ќе им се подели на акционерите е во износ од 96 денари по акција или 7,77% од номиналната вредност на една акција.

Датум на евиденција е 18-ти мај оваа година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 15.05.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 16.05.2017 година. Датум на почеток на исплатата на дивидендата е 25-ти мај, а последен рок за нејзина исплата е 30-ти септември.