Фото: Facebook
Малопродажниот трговскиот ланец Pepco, специјализиран за продажба на облека и производи за домаќинството, оваа есен ќе отвори свои продавници во Словенија. Во првите три години планира да отвори 43 продавници и да вработи 250 лица, пишува rtvslo.
Во септември треба да отвори продавници во Целје, Домжале, Марибор, Ново место и Птуј. Првите 12 месеци ќе отвори 18 продавници, а до 2020 година планирано е да бидат отворени вкупно 43 продавници.
“Словенечкиот пазар нуди големи можности за развој и затоа го правиме овој потег за ширење на трговскиот ланец“, вели директорот на Pepco за средна и источна Европа, Марцин Станко.
Pepco е дел од јужноафриканскиот инвестициски холдинг Perkor. Седиштето е во Познан, Полска, каде што е отворена првата продавница во 2004 година.
Целата групација вработува околу 120.000 луѓе, а има повеќе од 11.000 продавници во 30 земји низ светот. На почетокот на април ја отвори и својата прва продавница во Хрватска.