Livia – робот што комуницира со клиенти на банка во Романија

63

banca-transilvania-facebook

Фото: Facebook

Романската Banca Transilvania го претстави роботот Livia, чија задача ќе биде да комуницира со клиентите на банката преку Facebook Messenger и Skype, пишува Romania Insider.

Клиентите, со помош на Livia, ќе добијат информации за нивните сметки во оваа романска банка. Роботот постојано ќе обезбедува информации за клиентите, коишто претходно можеа да се добијат од вработени во кол центарот на банката.

Клиентите на банката треба да ја следат Livia на Facebook или да ја додадат во својата контакт листа на Skype, за да може да комуницираат.

Осигурителната компанија Metropolitan Life е прва финансиска институција во Романија којашто воведе вештачка интелигенција за комуникација со своите клиенти.