Фото: Pexels
Во Јужна Кореја ќе се отвори полигон за тестирање на автономни возила на површина од 36 хектари. На полигонот ќе бидат изградени улици, автопати, паркинзи, ленти за автобус и други содржини коишто ќе треба да симулираат вистински услови со коишто автономните возила би се соочувале во сообраќајот, пишува Engadget.
Идејата е да им се овозможи на компаниите да ги тестираат автономните возила без да се бараат посебни дозволи за тестирање на возилата на јавните патишта во Кореја.
Полигонот наречен K-City ќе биде отворен за сите компании, а проектот е инициран од страна на јужнокорејските власти. Вкупната инвестиција изнесува 10 милиони долари. Отворањето на првите делови од овој “град“ е најавено за октомври годинава, а се очекува во 2018 година K – City да биде целосно функционален.