Футуристички салон на Телеком во Скопје сити мол

96

Македонски Телеком во трговскиот центар Скопје сити мол го промовираше новиот продажен салон со најмодерни технологии, кој е единствен од овој тип во регионот, а трет по ред во рамки на целата Дојче Телеком групација. Салони од ваков тип до сега се отворени во Унгарија, а по Македонија следуваат Холандија, Германија и Хрватска.

Телеком продажниот салон е исполнет со најнови технолошки уреди и алатки. Просторот му овозможува на секој посетител на побрз и поедноставен начин да се запознае со Макс ТВ пакетите и различните ТВ апликации, да дознае кои се придобивките од оптиката како најнапредна технологија, да ги проба најмодерните мобилни телефони и таблети, како и сите услуги и продукти на Т-Хоум и Т-Мобиле. Дополнително, модерниот и футуристички дизајн нуди интерактивно истражување и забава за секој посетител.