Италија подарува историски градби за да го развива туризмот

26

italy

Фото: Pexels

Италија подарува повеќе од 100 историски градби вклучувајќи замоци, куќи, кули со цел да го подобри таканаречениот “бавен туризам“ и да ги примами туристите од пренатрупаните туристички центри, пишува The Local.

“Проектот ќе го промовира и поддржи развојот на ‘бавниот туризам’. Целта е приватните и јавните градби коишто не се користат да се трансформираат во објекти за љубителите на историјата, туристите, планинарите, велосипедистите и на тој начин да се поддржи развојот на туристички сектор“, вели Роберто Реги од италијанската агенција за имот.

Овој проектот е дел од стратешки туристички план за пренасочување на туристите од најпопуларните и пренатрупани области во земјата и промовирање на помалку истражени дестинации.

Италијанските власти сакаат да ги подарат овие градби на луѓе кои ќе можат и сакаат да ги спасат за да не се претворат во рушевини. Потенцијалните сопственици мора да се обврзат да ги трансформираат објектите и нивната околина во места каде ќе се развива туризмот. Објектите може да бидат претворени во хотели, ресторани, луксузни вили…

За да се добие некоја од градбите, заинтересираните ќе треба да поднесат предлог во којшто се дефинирани плановите за негова трансформација. Новиот сопственик ќе добие право на имотот за период од девет години, а по истекот на ова време договорот ќе може да се обнови на уште девет години. Најдобрите понудувачи ќе може да склучат договор на 50 години.