Фото: Pexels
Најголемиот приватен инвестициски фонд, поддржан од јапонската SoftBank Group и инвестициониот фонд на Саудиска Арабија, соопштија дека собрале 93 милијарди долари за инвестирање во компании што се занимаваат со развој на вештачка интелигенција и роботика, пишува Independent.
Следната фаза на информациска револуција е во тек, а изградбата на деловни субјекти коишто ќе го овоможат тоа бара долгорочни инвестиции, стои во соопштението на SoftBank Vision Fund.
Јапонскиот милијардер Масајоши Сон, претседател на телекомуникациската и технолошката група SoftBank минатиот октомври ги откри плановите за фондот, добивајќи во меѓувреме понуди од некои од најбогатите инвеститори во светот. Покрај SoftBank и инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија, Public Investment Fund (PIF), нови инвеститори се фондот се Mubadala од Абу Даби којшто се обврза дека ќе инвестира 15 милијарди долари и американските технолошки гиганти Apple, Qualcomm, тајванскиот Foxconn Technology и јапонскиот Sharp Corp.
Од фондот најавија дека планираат да купат малцински и мнозински удели во приватните и јавни компании вредни повеќе од милијарди долари.