Започнува гласањето за супербрендови во Македонија

84

superbrandsОд денес официјално започнува гласањето за Супербрендс во Македонија за 2013/2014 година, а со таков епитет ќе се здобијат брендовите кои ќе освојат најмногу гласови од стручното жири и потрошувачите.

Oд Супербренд Македонија оваа година најавуваат две новини, по прв пат ќе се гласа за општествено одговорна компанија (зелен супербренд), а се воведува и признанието Супербренд Адриатик.

“Покрај признанието зелен супербренд, новина е и прогласувањето на Супербренд Адриатик. Ова признание имаат можност да го добијат компаниите кои ќе бидат прогласени за Супербренд во Македонија но и во некоја од земјите на Адриатик регионот”, вели Зоран Саздовски претставникот на Супербрендс за Македонија.

Минатата година со престижното признание Супербрендс се закитија 43 македонски брендови.

Првите Супербрендови биле пргласени во Лондон 1994 година со радиска емисија на Би-Би-Си Лондон која имала за цел да им овозможи на потрошувачите увид во марките кои се достапни во нивниот секојдневен живот.

Супербрендс е присутен во 92 земји  и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании.