Кинеската компанија Geely го купува Lotus

47

lotus

Фото: Lotus

Кинескиот производител на автомобили Geely го купува Lotus, пишува BBC. Купувањето е дел од договорот Geely да купи удел од 49,9% во малезискиот производител на автомобили Proton, којшто е сопственик на Lotus.

Geely, којшто е сопственик на London taxi company и Volvo Car Group, ќе ги преземе 51% од акциите во Lotus. Се очекува договорот за преземање на Lotus да се финализира во јули.

Geely е сопственик на автомобилскиот бренд Lynk&Co, којшто со помош на технологијата на Volvo ќе развива и пласира кинески модели на пазарите во САД и Европа.