Граве осигурување одбележува 10 години на македонскиот пазар

54

08_resize

Под мотото Го славиме животот на 26-ти мај осигурителната компанија Граве ја одбележа својата 10-годишнина откако е присутна на македонскиот осигурителен пазар. Основана во 2007 година па сѐ до денес, компанијата Граве осигурување а.д. Скопје може да се осврне на континуиран позитивен раст и развој со вкупен фонд од 36.309 склучени осигурувања, соопштуваат од компанијата.

На прес – конференцијата, одржана во Скопје Мериот Хотел, беше даден осврт на историјата на групацијата Граве, како и на Граве осигурување во Македонија, а беа претставени и резултатите од 10-годишното работење на компанијата, почнувајќи од бројот на склучени договори, растот на премиите, па сѐ до развојот на сопствениот капитал.

“Само во изминатава година бројот на индивидуални договори порасна за речиси 10%, што е сериозен показател за успехот на Граве во Македонија. Исто така, и бруто полисираната премија во висина од 1,14 милиони евра во 2007 година се зголеми на 7,63 милиони евра во 2016 година, а успехот на претпријатието се отсликува и во развојот на сопствениот капитал, којшто во период од 10 години порасна од 1,09 милиони евра на 5,45 милиони евра. Според ова, можам самоуверено да кажам дека Граве осигурување а.д. Скопје располага со солидна база за натамошен раст и во иднина“, истакна Отмар Едерер, Претседателот на GRAWE концернот.

Инаку, Граве осигурување а.д. Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 180 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на Граве во Македонија.

“Славејќи ги изминатите 10 години, со гордост можам да кажам дека ја оправдавме довербата на нашиот акционер, но и дека ја стекнавме довербата на македонските граѓани и клиенти. Благодарение на посветеноста на сите наши соработници, успеавме да одговориме на сите предизвици, да направиме повеќе од 24.000 договори и оваа година да дојдеме до исплата на првите 100 доживувања“, изјави Марко Микиќ, извршен директор на Граве осигурување а.д. Скопје.

Осигурителното друштво има 100% сопствен капитал од Австрија, кое од почетното осигурување за ризик од пожар, се развива во меѓународен осигурителен концерн со 13 централноевропски осигурителни друштва кои се доказ за меѓународната ориентираност на компанијата. Полињата на кои работи GRAWE концернот се осигурување, финансиски услуги и недвижности и на ниво на групација сопствениот капитал од минатата година е зголемен за 16,1%, а договорите за 3,5%, за што значаен придонес даде и Граве осигурување а.д. Скопје.

Најголеми предности на компанијата се меѓународен квалитет на производите и сигурна политика на вложување, а грижата за клиентите и нивните интереси е една од основните задачи на Граве осигурување. Компанија во изминативе 10 години претставуваше стабилна поддршка за иднината на своите клиенти, поради што и целокупното работење на Друштвото се заснова на доверба и стабилност.