Фото: Facebook
Croatia osiguranje во целост го презема уделот во BNP Paribas Cardif осигурување, објавува Загрепската берза. Вредноста на преземањето не е позната, а договорот за купопродажба ќе биде валиден веднаш по одобрување на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги, стои во соопштението.
Француската групација BNP Paribas осигурување во Хрватска е присутна од јули 2007 година, а на корисниците им понуди нови видови на производи познати како осигурување во случај на смрт на корисник на кредит, осигурување од траен инвалидитет, осигурување од подолго боледување и отказ, пишува Seebiz.net.
Croatia Osugiuranje е една од најстарите осигурителни компании во Југоисточна Европа. Основана во 1884 година и со својата 130-годишна традиција претставува синоним за сигурност и квалитет на пазарот.
Во првото тримесечје на 2017 година, групацијата Croatia Osiguranje оствари нето добивка од 9,8 милиони евра, што претставува раст од 71% во споредба со истиот период минатата година. На крајот на април 2017 година Croatia Osiguranje зазема 30,91% од вкупната пресметана бруто полисирана премија.