Како побрзо да склучите договор за продажба

185

deal

Фото: Pixabay

Остварување на продажбата не е едноставна работа. Многумина велат дека тоа повеќе е уметност отколку наука. При процесот на продажба треба да дознаете кој е купувачот, што сака да купи, зошто сака да го купи и што можете да направите за да ги исполните неговите барања. Крајната цел е остварување на договорот.

Ова е моментот во којшто повеќето продавачи ги фаќа паника и непријатно чувство, што укажува на недостаток на знаење што да прават. При продажбата на производ или услуга треба да се најде совршен баланс помеѓу тоа да бидете убедливи, но не и арогантни или досадни. Кога продавате клиентот треба да дојде во прв план. Во продажбата значајно е како да го скратите времето и да го поедноставите процесот. Купувачите може да бидат осетливи на времето. Тоа е секогаш во умот на купувачите. Скратувањето на продажниот циклус може да ви донесе голем напредок.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да постигнете голем успех во продажбата и побрзо склучување на договори.

Претставете ги вашите намери

Поздравете и претставете се пред купувачот. Ако првпат се сретнувате со клиентот не го губете времето трудејќи се да го импресионирате, а ако го знаете не почнувајте несуштински разговор. Откако ќе се поздравите следното нешто што треба да направите е јасно да ги искажете вашите намери зошто сте таму.

Откријте кој носи одлуки

Од голема важност за брзо склучување на договор е да знаете кој ги носи одлуките. Многупати носителите на одлуки испраќаат некој друг да ги дознае информациите, а во тој случај важно е да знаете какви информации да пренесете.

Бидете реални

Клиентот може да ги почувствува вашите вистински намери за време на продажбата. Важно е да пренесете на клиентот дека се грижите и за неговиот бизнис, а не само за постигнување на договор. Потребно е да бидете подготвени за прашањата на клиентот.

Следете ја конкуренцијата

Натпреварувањето во бизнисот е тешко. Познавање на области во коишто ќе бидете поконкурентни за разлика од другите може да доведе до побрзо склучување на договор.