Во Загреб започна изградбата на Designer Outlet Croatia вреден 22,9 милиони евра

42

zagreb

Фото: Designer Outlet Croatia

Во Загреб започна изградбата на најголемиот аутлет комплекс во Хрватска, Designer Outlet Croatia. Отворањето на овој комплекс, што ќе биде сместен покрај трговската куќа Ikea во деловната зона Загреб исток, се очекува да биде на почетокот на 2018 година, пишува Пословни дневник.

Designer Outlet Croatia ќе го гради хрватската компанија Strabag, којашто на меѓународен натпревар го доби овој договор вреден 22,9 милиони евра.

Инвестицијата во Designer Outlet Croatia е заеднички потфат на компанијата Ikea Centers и швајцарскиот Mutschler Outlet Holding AG, коишто веќе имаат остварено слична соработка во реализација на проектот Outlet Algarve во Португалија, што треба да се отвори оваа есен. Со најголемиот аутлет комплекс во Хрватска ќе управува консултантската австриска компанија ROS Retail Outlet Shopping.

Designer Outlet Croatia ќе биде изграден во две фази, а првата фаза ќе биде завршена на пролет 2018 година. Објектот ќе протега на површина од 15.000 метри квадратни со 90 локали со просечна површина од 170 метри квадратни.