Nestle ја намалува солта во производите на Maggi

69

maggi-simply-good-feed

Фото: Nestle

Швајцарската прехранбена компанија Nestle планира до 2020 година за 10% да го намали количеството на сол во производите на брендот Maggi (супи, зачини, супа во коцка…).

Од компанијата соопштија дека во производите на Maggi ќе бидат додадени повеќе зеленчук, билки, зачини и други житни и хранливи состојки.

Овој потег е дел од новата иницијатива на Maggi –  Simpy Good, којашто треба да ги инспирира корисниците на повкусен и поздрав избор на храна. Освен промените во производите, Maggi Simply Good, исто така, кај корисниците ќе поттикнува и здрави навики преку совети, рецепти и локални настани.