Ikea во Србија се отвора на 10-ти август

48

ikea-belgrad

Фото: Ikea.rs

Светскиот бренд за продажба на мебел и предмети за домаќинство, Ikea ја отвора првата продавница во Белград на 10-ти август во 10 часот, пишува српски Блиц.

“Со задоволство можам да објавам дека продавницата во Белград ќе ја отвориме во четврток, 10-ти август во 10 часот. Ова ќе биде јубилејна 400 продавница на Ikea во светот, а Србија ќе биде нов пазар за компанијата“, вели Стефан Вановербеке, генерален директор на Ikea за југоисточна Европа.

Во продавницата во Белград, Ikea инвестираше околу 70 милиони евра, како и дополнително 10 милиони евра за изградба на инфраструктура, со што се создаваат услови и за повеќе инвестиции во областа на Бубањ поток.

Ikea, како што вели Вановербеке, во 1991 година отвори мала продавница во Белград, но поради настаните во регионот и меѓународните санкции, по една година ја затвори.

Ikea до 2025 година планира да отвори вкупно 13 продавници во овој регион.