Од полноќ поевтинуваат горивата

34

toci-gorivo-pixabay

Фото: Pixabay

Горива од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поевтинуваат за 1,50 денари, па така новата цена на еден литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 62,50 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 64,50 денари за литар. Дизелот поевтинува за 2,50 денари со што новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 48 денари. За исто толку пари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 36,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,176 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.05.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 25,206 ден/кг.