Фото: Kickstarter
Хрватскиот старт – ап Baggizmo го создаде паметниот паричник Baggizmo Wiseward, пишува Bug.hr.
Основна функција на паричникот е зголемување на безбедноста на кредитните картички и заштита на личните документи, што се овозможува преку интегрирана технологија во неговата внатрешност. Паричникот во целост е развиен во Хрватска.
Паричникот не дозволува нелегално собирање и кражба на податоци од бесконтактните картички преку таканаречениот card skimmer. Baggizmo Wiseward има вградено Bluetooth преку којшто се поврзува со мобилниот уред на корисникот и на тој начин се намалува можноста да се загуби или заборави. Преку посебна мобилна апликација, корисникот во секое време знае каде се наоѓа неговиот паричник и дали му е променета позицијата. Во паметниот паричник има UV ламба со којашто може да се проверуваат банкноти (дали се оригинал или фалсификувани).
Паричникот се појави на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде што бараат 35.000 долари.
Овој хрватски старт – ап во 2015 година ги претстави машката чанта Baggzimo, како чанти за лица кои имаат проблеми со видот.