Фото: Kickstrter
Folkk е компанија од Белград што ги поврзува занаетчиите со млади дизајнери од Балканот и креира традиционални производи со висок квалитет, пишува Netokracija.
Една од клучните цели на Folkk, којшто е поддржан од дизајнерскиот инкубатор Nova Iskra, е сочувување на традиционалните занаети и вештините и умешноста на занаетчиите од различни региони на Балканот, а производите да бидат забележани преку онлајн платформата.
Folkk започна кампања на Kickstrter со цел да поттикне и поддржи занаетчиите во Србија. За постигнување на оваа цел потребни се 20.000 долари, а кампањата трае до 12-ти јули.
“Сакаме да понудиме уникатни производи со висок квалитет кои луѓето ќе сакаат да ги имаат во своите домови“, вели еден од основачите на Folkk, Марко Раденковиќ.
Компанијата произведува висококвалитетни дизајнирани предмети за домот како килими, перници, дрвени чинии и даски за послужување на храна, а основана е во 2016 година.