Во Финска ќе биде пуштена линија за сообраќање на автономни автобуси

53

sohoja

Фото: Sohjoa

Во главниот град на Финска, Хелсинки оваа есен ќе биде пуштена автобуска линија на којашто ќе сообраќаат автономни електрични автобуси. RoboBusLine е дел од Sohjoa проектот чијашто цел е да развие нова линија на јавен градски превоз со автономни возила, пишува Inhabitat.

“Секој автобус се движи со брзина од 11 километри на час и има свој оператор кој се грижи за безбедноста. Фокусирани сме следење на работата на сензорите на електричните автобуси, корисничко искуство и како автономните автобуси да ги вклопиме во градскиот превоз“, вели менаџерот на проектот Sohjoa, Оскар Нисин.

Првата фаза од проектот беше спроведена минатиот август кога во реални услови на сообраќај беа тестирани електрични автобуси, а следењето во урбани делови ќе продолжи овој август.