C Seed, телевизор од 490.000 евра што тежи 800 килограми

49

seed

Фото: C Seed

Австриската компанија за луксузна електроника C Seed го претстави најголемиот 4К телевизор. C Seed 262 s има 262 инчен екран (6,65 метри), широк е 6,14 метри, а висок 2,57 метри. Резолуцијата на сликата изнесува 4.096 x 1.716 пиксели. Во него има вградено шест звучници од 350 W и луксузна моторизирана завеса којаѓто го покрива телевизорот кога не се користи.

За овој телевизор се потребни посебни носачи за ѕид, бидејќи тежи 800 килограми. Неговата цена изнесува 490.000 евра, а на оваа сума се додаваат и трошоците за инсталирање од 35.000 евра, пишува New Atlas.