Соларна боја произведува енергија од влага во воздухот

72

krecenje-pexels

Тим научници создадоа соларна боја којашто може да апсорбира влага од воздухот и да генерира водород, што претставува најчистиот извор на енергија, пишува Science daily.

Бојата содржи соединение што има слични карактеристики на силиконскиот гел, што се користи за апсорпција на влага во различни предметни, но има својство и на полуспроводник. Новиот материјал, синтетички молибден сулфид, ја одвојува водата на кислород и водород.

“Забележавме дека мешањето на молибден сулфид со честички на титаниум оксид добиваме боја што прави гориво од водород од сончевата енергија и од влагата во воздухот“, вели Торбен Даенке, научник од Универзитетот RMIT од Мелбурн.

Водородот претставува најчист извор на енергија и може да се користи наместо класичните фосилни горива.