Фонтана од 40 метри ќе биде главна атракција на сингапурскиот аеродром

50

5

Најголемата фонтана во внатрешен простор се гради во еден од најпрометните аеродроми во светот, Jewel Changi во Сингапур. Импресивната фонтана во Сингапур наречена Rain Vortex ќе биде централно место на урбаната градина Forest Valley.

Водопадот со висина од 40 метри е дизајниран од дизајнерското студио Wet, коешто во своето портфолио има бројни проекти на раскошни фонтани како Белаџо фонтаната во Лас Вегас и пред кулата Бурџ Калифа во Дубаи.
fontana2По проектот на архитектонската компанија Safdie Architects на сингапурскиот аеродром се гради сферична купола со површина од 134.000 метри квадратни, каде ќе има шопинг зона, паркови и други атракции, пишува Arch Daily.

Фото: Safdie Architects