Уред што го заклучува мобилниот телефон додека возите велосипед

47

bicycle-1209682_960_720

Фото: Pixabay

Холандската телекомуникациска компанија KPN, во партнерство со холандската асоцијација за безбедност во сообраќајот, развија паметна брава за велосипед којашто за време на возењето го заклучува мобилниот телефон. Smart Lock треба да ги заштити велосипедистите кои редовно користат телефон додека се возат, пишува Telecompaper.

Апликацијата за паметниот телефон прво ќе ја отклучи бравата на велосипедот, а истовремено ќе го блокира сигналот на мобилниот телефон во мрежата на KPN. Велосипедистот ќе може да го користи телефонот само за повикување на итни служби. Откако ќе престане да го вози и заклучи велосипедот преку апликацијата, корисникот ќе може да го користи својот телефон. Апликацијата првично ќе биде достапна за Android телефони. Safe Lock ќе се тестира летово, а потоа ќе може да се купи во продавниците на KPN за цена од околу 100 евра.

Холандската асоцијација за безбедност во сообраќајот соопшти дека паметните телефони се причина за голем број на велосипедски несреќи во кои се вклучени и деца.