Фото: Facebook
Поминаа пет децении откако беше најавен нов начин на повлекување на пари. Првиот банкомат во светот е поставен во Енфилд, Лондон, на 27 јуни 1967 година од страна на Barclays. Денес, во светот луѓето вадат готовина од 3 милиони банкомати, пишува Guardian.
Најсеверната точка каде е поставен банкомат е во Свалбард, Норвешка, а најужна е во Мекмурдо на Антарктикот.
За да ја одбележи годишнината, Barclays банката го преобрази првиот банкомат во златен, постави табла и црвен килим за клиентите.