Лего ја повлекува од производство спорната играчка Палатата на Џаба

59

legoДанската компанија за производство на играчки Лего соопшти дека ќе престане да ја произведува играчката од едицијата Војна на ѕвездите која потсетува на џамија.

Кон крајот на јануари, турската заедница од Австрија ја обвини данската компанија за расизам, затоа што според нивната оценка, Палатата на Џаба ги навредува муслиманите, затоа што потсетува на Аја Софија во Истанбул. Турската заедница од Австрија во соопштението го повика Лего јавно да се извини поради “културолошката бесчувствителност”. Во соопштението се додава дека фигурите со оружје кои одат заедно со палатата потсетуваат на терористи, криминалци и убијци.

Лего првобитно одби да ја повлече спорната играчка, тврдејќи дека производот на компанијата не претставува никакви постоечки објекти, луѓе, ниту споменатата џамија, туку дека е комплетен сет направен според филмот.

Меѓутоа, по состанокот на претставници на турската верска заедница и управата на данската компанија, постигнат е договор да не продолжи производството на спорната играчка по 2014 година.