Covideo: Праќање персонализирани пораки наместо мејлови

64

video-jpg

Фото: Covideo

Covideo е апликација којашто на корисниците им овозможува снимање, праќање и следење на персонализирани видеа. Американската компанија којашто функционира од 2004 година неодамна отвори свое претставништво во Загреб, пишува Netokracija.

Со праќање на видео мејлови преку Covideo се создава личен однос со клиентот и комуникација на повисоко ниво.

“Имајќи во предвид дека статистичките податоци се од голема важност за секоја компанија, Covideo овозможува добивање на детален извештај за прегледот на видеото – кој, кога и колку пати го прегледал видеото“, вели генералниот менаџер за Европа, Маринко Јосиповиќ.

Covideo е едноставен за користење и за почнување на снимањето не е потребна посебна подготовка. За пристап до апликацијата е потребно да се отвори корисничка сметка на официјалната страна, а покрај десктоп апликацијата достапни се и апликации за Android и iOS оперативни системи. Снимените видео содржини може да се испратат преку електронска пошта и SMS, а може да се сподели на социјалните мрежи или интегрира во newsletter или на веб страна.