Енергетски компании меѓу десетте најголеми во Турција

57

industriska-postrojka-pixabay-1

Фото: Pixabay

Седум енергетски компании се меѓу десетте најголеми компании во Турција, според приходите што ги остваруваат, јавува Хуријет.

Прва на листата Fortune 500 се најде турската рафинерија TÜPRAŞ, којашто лани оствари нето приходи во висина од 9,89 милијарди долари. По нејзе следи компанијата EPİAŞ со 9,36 милијарди долари, додека на трето место се најде дистрибутерот на нафтени деривати OMV Petrol Ofisi со приходи од 8,74 милијарди долари.

Најголемите 500 компании во Турција во 2016 година ги зголемија нето приходите за 9,4% на над 264 милијарди долари, додека извозот е зголемен за 6,74%, достигнувајќи 62,7 милијарди долари.