Фото: Kickstarter
Amabrush е четка што автоматски ги чисти забите за само 10 секунди. Задача на корисникот ќе биде да ја постави четката во уста, да го вклучи копчето и да ужива во едноставното чистење на забите.
Четката е составена од три основни дела: дел што се става на забите, дел за држење и капсули од паста за заби. Делот што се става во устата би требало да се менува на секое три или шест месеци.
Со користење на оваа четка, корисникот заштедува време во одржување на личната хигиена, а во негова уста се уништуваат 99,99% од бактериите.
Капсулите ослободуваат доволна количина на паста за заби, а чинат само три евра. Ги има во три варијанти: Extra fresh, whitening и sensitive.
Четката е поставена на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде побара поддршка од 50.000 евра. На 29 дена пред крајот на кампањата, Amabrush успеа да собере над 175.192 евра.