Пол, човекот кој премногу се грижи за својот автомобил

42

pol

Околу 43% од сопствениците на автомобили во Данска не дозволуваат внесување храна во нивните возила. Околу 33% се плашат да ги остават автомобилите на паркинг. Дури 30% не веруваат дека некој друг може да се грижи толку добро за нивниот автомобил како самите тие, пишува Adweek.

Агенцијата Mindshare Denmark го создаде Пол, човек кој премногу се грижи за своето возило. Пол не им верува на локалните сервиси, освен на Ford Motorcraft, овластен сервис на Ford, затоа што кој може да се грижи за неговиот автомобил подобро од луѓето кои всушност го направиле?

Според истражувањето на агенцијата, 43% од Данците не би им го позајмиле возилото на други, 40% стануваат нервозни кога нивниот партнер сака да го користи автомобилот, а 25% ги нервираат луѓе коишто во автомобилот им влегуваат со валкани чевли.