Зошто треба да имате добри пријатели на работа

36

sl

Фото: Pixabay

Факт е дека поголем дел од времето го поминуваме на работа. Затоа е подобро да сме опкружени со луѓе со кои имаме разбирање, така полесно ќе го поминеме денот и предизвиците што ги носи.

Според различни истражувања, пријателството на работа е директно поврзано со продуктивноста. Со други зборови, ако имате пријатели на работа, тоа може да ви помогне во кариерата. Ако имате пријатели на работа, ќе бидете посреќни, полесно ќе ги завршите обврските, ќе бидете покреативни и помалку под стрес.

Неколку факти за пријателството на работа според The Muse:

70% од вработените велат дека пријателите на работното место се најважен елемент за среќна работна околина.

50% од вработените кои имаат најдобар пријател на работа се изјасниле дека се цврсто поврзани за компанијата.

Една третина од возрасните се изјасниле дека барем еден добар пријател стекнале преку работа.

Ако имате проблеми со спријателувањето, еве неколку совети од Business Insider како полесно да стекнете колеги – пријатели:

Не ги избегнувајте компаниските забави и организирани дружења.

Не ги озборувајте колегите.

Јадете во заедничките простории.

Понудете помош.