Македонскиот БДП со реален раст од 3,8% во 2025 година, БДП по жител достигна 9.859 евра

Бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година изнесува 1 105 239 милиони денари и во однос на 2024 година е номинално зголемен за 7.1 %, покажаа претходните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година, во однос на 2024 година, e 3.8 %.

БДП во 2025 година изнесува 1 105 239  милиони денари и во однос на 2024 година е номинално зголемен за 7.1 %.

Најголемо учество во додадената вредност со 19.9 % во структурата на БДП во 2025 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Забележителен придонес во остварениот раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година имаа бруто-инвестициите во основни средства, кои забележаа номинален пораст од 9.6 %.

Финалната потрошувачка во 2025 година во структурата на БДП учествува со 80.7 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2025 година e 60.8 %.

 

Во 2025, во однос на 2024 година, бруто-домашниот производ:

  • Реално е зголемен за 3.8 %
  • Номинално e зголемен за 7.1 % 
  • По жител е 9 859 евра