Petit Pli – облека што се прилагодува како растат децата

30

copy-of-dsc_9508-edit

Дизајнерот Рајан Марио Јасин создаде линија на детска облека што се шири и лесно се прилагодува како растат децата, пишува Dezeen.

Облеката има набори што се растегнуваат и прилагодуваат на детето, а инспирација за оваа иновација тој добил бидејќи на децата за кратко време облеката им е мала или тесна.

Petit Pli е отпорна на вода и ветер, а е наменета за деца од шест до 36 месеци. Во тој период, децата најбрзо растат и менуваат шест големини на облека.