Фото: Pexels
Спин – оф компанија претставува супсидијарна компанија, односно посебен облик на компанија, којашто е веќе основана и со нејзе била поврзана некоја друга организација.
Овој вид на компанија произведува сличен производ или нуди слични услуги како и нејзиниот претходен работодавач.
Спин – оф компанијата претходно била во рамки на основната компанија, но бидејќи нејзиниот производ бил секундарен за главната компанија, таа се одвојува и станува независна на пазарот.
Најчесто се развиваат кога претприемачите кои сакаат да произведуваат слични или поврзани производи и услуги да се осамостојат од основната компанија.
Компанијата од којашто се одделува спин – оф компанијата вообичаено добива логистичка и финансиска поддршка за да може да го обезбеди своето место на пазарот и да овозможи раст на долг рок.