Дали би пробале храна што убива?

56

reklama

Познатиот готвач Минг Цаи, во подвижен киоск Khil Me, промовира храна што може да убие. Тој на луѓето им кажува дека сендвичите може да предизвикаат парализа, давење, кома, па дури и смрт.

Ова е кампањата на непрофитната организација End Allergies Together, која собира средства за истражување и наоѓање лек за алергија на храна, во соработка со агенцијата BBDO Њујорк.

Готвачот Цаи воедно работи и на едукација и свесност за алергија од храна со која се соочуваат милиони луѓе ширум светот.

Организацијата E.A.T. e основана од родители со деца кои се алергични на некои видови храна. Според оваа организација, едно од 12 деца во САД има алергија на некаква храна, а секои две минути некој доаѓа на ургентно со алергиска реакција на храна.