Walmart развива технологија за идентификување на несреќни клиенти

43

angry-2191104_960_720

Фото: Pixabay

Американскиот трговски ланец Walmart развива технологија за препознавање и анализирање на изразот на лицата на потрошувачите додека чекаат ред на каса, за да утврдат дали се бесни и незадоволни, пишува Business Insider.

Технологијата ќе користи видео камери во продавниците преку кои ќе ги следат изразите на лицето и движењата на клиентите и ќе идентификуваат различни нивоа на незадоволство.

Ако системот детектира несреќен клиент, ќе прати известување до вработените во други делови на продавницата кои ќе се потрудат поефикасно да одговорат на прашањата за услуги на клиентите и ќе ги забележат во посебен регистер нивните поплаки.

Walmart ќе ги користи собраните податоци за решавање на кадровски потреби, а на овој начин исто така ќе се детектираат и промените во навиките на купувачите поради незадоволство.